Труба
Трубата е лимен дувачки инструмент. Се состои од цилиндрична цевка, којашто завршува со корпус во форма на инка. Усникот е метален, а цевката е извиена неколку пати, се свири со помош на три вентили. Трубата се употребувала и во предисториските цивилизации и времиња. Најстариот цртеж од труба е од Египет од II век пред новата ера, од времето на Тутанкамон. Исто така труба употребувале Евреите, Асирците, Римјаните и Грците. Трубата била ритуален и воен инструмент. Трубата во својот животен тек доживеала повеќе модификации, н денешниот облик го има од XV век, односно во Европа од XVI век.
Хармоника
Хармониката е полифон и аерофон музички инструмент со клавијатура или копчиња. Музичарот на хармоника (хармоникашот) со раце го шири и собира “мевот“ чија воздушна струја поминува низ вентили. Овие вентили ги контролираат прстите на хармоникашот со притискање на клавишите.Телото на хармониката се состои од две дрвени кутии поврзани со мев. Големината и тежината на хармониката варира во зависност од нејзиниот вид, бројот на регистри и басови. Притисокот на клавишот не се користи како изразно средство, ниту со него се контролира јачината на звукот, туку за тоа исклучиво се користи пумпањето на мевот.
www.muzickiinstrumenti.com.mkhttps://musicinstrument.com

Се разликуваат три основни видови хармоники: клавирска хармоника, хроматска со копчиња и дијатонска хармоника.
Гитара
Гитарата е музички инструмент со стапала, кој се користи во разновидни музички стилови и е исто така познат како соло класичен инструмент. Во популарната култура најчесто се смета како примарен инструмент во блуз, кантри, фламенко и рок музиката. Гитарата вообичаено има шест жици, но постојат и гитари со седум, осум, десет, единаесет, дванаесет и осумнаесет жици.Иструментите слични на гитарата биле популарни најмалку во последните 5.000 години. Изгледа дека гитарата потекнува од пораните иструменти познати во древна централна Азија како цитара. Инструменти многу слични на гитарата се појавуваат и во антички статуии и цртежи ископани од стариот ирански главен град Суза. Модерниот збор, гитара, бил усвоен во македонскиот јазик од средновековниот андалузиски арапски, кој потекнува од пораниот латински cithara, кој пак доаѓа од грчкиот збор китара,кој пак потекнува од старо-персискиот збор sithar.
Виолина
Виолината е гудачки инструмент кој има четири жици, кои се штимаат во интервал на чиста квинта. Жиците, почнувајќи од најдлабоката, се штимаат во висина на следните тонови: ге (g), де1 (d1), а1 (а1), е2 (е2). Виолината е најмалиот инструмент во семејството на гудачки (жичани) инструменти, каде уште спаѓаат и виолата, виолончелото и контрабасот.
Флејта
Флејта
Флејта или флаута е дувачки музички инструмент. Во поширока смисла на зборот, флејтата е цела серија на дувачки инструменти кои постоеле и постојат низ целиот свет. Музичаротшто свири на флејта се вика флејтист. Звукот на флејтата настанува како резултат на струењето на воздухот низ отворите.
По држењето, разликуваме два основни вида на флејти: вертикална флејта (блок флејта), и хоризонтална флејта. Кај хоризонталните флејти, влезниот отвор не се наоѓа на врвот на цевката, туку нешто пониско, на странична страна, и во него се дува откосо за да се образува писка, бидејќи овој тип ја нема (за разлика од вертикалните флејти), и се дува во т.н.прозорче. Изведувачката техника е многу развиена и ова е еден од најфлексибилните и највиртуозните инструмент. Исто така, флејтата и експресивен инструмент, со благ и светол, идиличен звук.
Потеклото на флејтата може да се бара во праисторијата.
Клавир
Клавир (гер. Klavier) или пијано е музички инструмент со клавијатура кој произведува звуци со користење на чекани кои удираат на челични жици. Чеканите се обложени со ткаенина и после ударот веднаш се враќаат во позиција за да им дозволат на жиците да вибрираат. Овие вибрации потоа се пренесуваат преку мостот до резонантната даска каде што се зголемуваат по силина.
Клавирот се користи нашироко низ западната музика за солистички или концертни настапи. Мошне е популарен како алатка за компонирање ивежба. И покрај тоа што не е преносен ниту пак евтин инструмент, разноличноста и раширеноста го имаат направено еден од најпознатите инструменти.
Мандолина
Мандолината (италијански mandolino-мал бадем), е трзачки инструмент кој се појавил во XVI век во Италија. Набргу станува популарен инструмент во фолклорот на многу земји. формата на мандолината е слична на лаутата, но има подолг врат , а на горниот дел има чивии кои служат за штимање.Најголема примена има наполитанската мандолина со четири дупли жици. Тонот се добива со повлекување на двете жици одеднаш, со трзалка, со брзо движење на десната рака нагоре-надоле.Металните жици произведуваат јасен,ѕвонлив и милозвучен звук. Овој инструмент може да биде солистички,камерен и оркестарски.Освен во фолклорот, се применува и во уметничката музика:Вивалди-Концерт на мндолина,гудачки оркестар и чембало;Моцарт-опера"Дон Жуан";Бетовен-Сонати и варијации за мандолина.Голема примена има во народните и во училишните оркестри. Најпознат мандолински оркестар во Македонија е оркестарот под раководство на Рамадан Шукри.

No comments:
Post a Comment